Околу 477 китови угинаа по насукувањето на две зафрлени новозеландски плажи во изминатите денови, објавија властите.
„Ниеден од насуканите китови не можеше да се врати во водата и или угинаа природно или беа евтаназирани“, изјави Дарен Гровер, генералниот менаџер на непрофитната група „Проџект Џона“.
Китовите се насукаа на островите Чатем, сместени 800 километри од главните новозеландски острови. Ова следува две недели откако 200 насукани китови угинаа на плажа на Тасманија.
„Овие настани се тешки, предизвикувачки ситуации. Иако се природни случувања, сепак се тажни и тешки за оние кои помагаат“, додаде Гровер.
Тој додаде дека поради зафрлената локација и присуството на ајкули во околните води не било можно да ангажираат волонтери за да се обидат да ги вратат китовите во вода.
Масовни насукувања се доста чести на Нов Зеланд, особено во летните месеци и научниците немаат објаснување зошто се случуваат.