Француското министерство за образование објави дека речиси 300 девојчиња пристигнале во училиште во понеделникот носејќи ја долгата муслиманска облека абаја, која беше забранета во школите минатата недела. Најголем дел од нив се согласиле да се пресоблечат, по што им било дозволено да присуствуваат на наставата.
Сепак, 67 девојчиња одбиле, па биле вратени дома. Следниот чекор е период на разговори со нивните семејства, а ако тоа помине неуспешно, тие ќе бидат исклучени од нивното школо.
Владата смета дека забраната за носење абаја нашироко е прифатена. Сепак, забраната беше оспорена од групи кои претставуваат некои муслимани, за што ќе решаваат судови.
На крајот на минатиот месец, министерството за образование објави дека на ученичките во државните училишта ќе им биде забрането да носат широки наметки кои го покриваат целото тело. Во Франција постои строга забрана за верски симболи во државните училишта и во владините згради. Носењето шамија во школите беше забрането во 2004 година.