70 ЗЕМЈИ ИЗРАЗИЈА ПОДГОТВЕНОСТ ДА ИМ ПОМОГНАТ НА АВГАНИСТАНЦИТЕ КОИ САКААТ ДА СИ ЗАМИНАТ

    70 ЗЕМЈИ ИЗРАЗИЈА ПОДГОТВЕНОСТ ДА ИМ ПОМОГНАТ НА АВГАНИСТАНЦИТЕ КОИ САКААТ ДА СИ ЗАМИНАТАмерикански воен авион полетува од аеродромот во Кабул, опколен од Авганистанци. (Фото: принтскрин од Твитер видео)

    70 земји, меѓу кои и Македонија, како и Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика со заедничко соопштение изразија подготвеност да им помогнат на Авганистанците кои сакаат да си заминат од земјата по преземањето на власта во државата од страна на Талибанците.

    „Со оглед на влошената безбедносната ситуација, ние поддржуваме, работиме на тоа да обезбедиме и ги повикуваме сите страни во Авганистан, да го почитуваат и олеснат безбедното и уредното заминување на странски и авганистански државјани кои сакаат да ја напуштат земјата. На Авганистанците и на странските државјани кои сакаат да си заминат мора да им биде дозволено да го направат тоа, патиштата, аеродромите и граничните премини мора да останат отворени и смиреноста мора да се одржи. Авганистанскиот народ заслужува да живее безбедно, сигурно и достоинствено. Ние од меѓународната заедница сме подготвени да им помогнеме“, се вели во заедничкото соопштение, објавено од американскиот Стејт Департмент.

    Станува збор за земјите: Албанија, Австралија, Австрија, Бахами, Белгија, Буркина Фасо, Канада, Чиле, Костарика, Колумбија, Брегот на Слоновата Коска, Хрватска, Чешка, Данска, Доминиканска Република, Салвадор, Естонија, Микронезија, Фиџи, Финска, Франција, Грузија, Германија, Гана, Грција, Гватемала, Гвајана, Хаити, Хондурас, Исланд, Ирска, Италија, Јапонија, Косово, Летонија, Либерија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Маршалски Острови, Мавританија, Црна Гора, Науру, Холандија, Нов Зеланд, Нигер, Норвешка, Палау, Панама, Парагвај, Полска, Португалија, Катар, Јужна Кореја, Кипар, Романија, Сиера Леоне, Словачка, Словенија, Шпанија, Суринам, Шведска, Того, Тонга, Уганда, Велика Британија, Украина и Јемен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира