8 ПОЧИНАТИ ВО СТАМПЕДО НА КОНЦЕРТ ВО ХЈУСТОН, ТЕКСАС

    8 ПОЧИНАТИ ВО СТАМПЕДО НА КОНЦЕРТ ВО ХЈУСТОН, ТЕКСАСВо публиката настанала паника, кога толпата почнала да се турка напред кон сцената кога настапувал раперот Тревис Скот. (Фото: АП)

    Најмалку осум лица загинаа и стотици се повредени при налет на толпа на отворањето на музички фестивал во Хјустон, Тексас. Командирот на пожарната Самуел Пења рече дека во публиката настанала паника кога толпата почнала да се турка напред кон сцената кога настапувал раперот Тревис Скот,

    „Луѓето почнаа да паѓаат, да се онесвестуваат и тоа создаде дополнителна паника“, рече Пења.

    Седумнаесет лица биле превезени в болница, од кои 11 имале срцев удар и од нив осуммина починале. Околу 300 имаат повреди како исекотини и модринки. На концертот имало околу 50 илјади лица.

    Според „Хјустон хроникл“ Скот, кој е и основач на фестивалот Астроворлд, неколкупати за време на неговиот 75-минутен настап забележал дека публиката се турка напред и го замолувал обезбедувањето да реагира и да им помогне безбедно да излезат од мешаницата.

    „Многу е важно да не се шпекулира. Ќе спроведеме истрага, бидејќи не е коректно да ги обвинуваме продуцентите. Ќе откриеме што ја предизвика разбрануваната толпа“, рече шефот на полицијата Трој Финер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира