Човекот што го возел големиот камион со кој влетал меѓу луѓето кои го славеле националниот празник на Франција – Денот на Бастилја и бил познат на полицијата. Тој бил локален жител со потекло од Тунис кој бил гонет за вообичаени криминални активности, но никогаш не го следеле разузнавачките служби.Камионот влетал меѓу луѓето околу 22.30 часот веднаш по завршувањето на огнометот по повод празникот. Возел речиси 2 километри покосувајќи ги пешаците, додека тие бегале во паника и со врисоци. Возачот бил убиен откако полицијата пукала во него.Според непотврдени извештаи, тој прво излегол од камионот и почнал да пука.
„Не знаевме што се случува. Жена ми.. еден метар потака.. беше мртва. Камионот мина низ се што му стоеше на патот. Столбови, дрвја, не сум видел такво нешто во животот. Некои луѓе му се бесеа на вратата и сакаа да го сопрат“, велат очевидци.
Инцидентот се случи на славната Променад де Англе за време на огноменот. Локалните власти ги повикаа луѓето да не излегуваат надвор, а инцидентот го нарекоа напад, а антитероистички истражители ја презедоа истрагата. Според некои извештаи, камионот бил натоварен со оружје и гранати.
„Сите викаа трчај, трчај, има напад, трчај. Слушнавме истрели. Мислевме дека е огономет, оти е 14 јули. Имаше огромна паника“, вели еден очевидец. Друг вели дека имало илјадници луѓе на променадата во моментот на нападот.
Експерти за тероризам велат дека е многу јасно оти нападот во Ница бил терористички акт и дека идејата била да се почека да заврши Европското првенство во фудбал и да се нападне. Ако се потврди дека во камионот имало оружје и муниција, ќе значи дека станува збор за подетална и попрофесионална акција.