9 УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕ БЛИЗУ ЛОС АНЏЕЛЕС ПО ПРОСЛАВА НА КИНЕСКА НОВА ГОДИНА

    9 УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕ БЛИЗУ ЛОС АНЏЕЛЕС ПО ПРОСЛАВА НА КИНЕСКА НОВА ГОДИНАПолицијата не кажа колку се повредени во пукањето, ниту дали има уапсени, само дека осомничениот е маж. (Фото: Твитер)

    9 луѓе загинаа по пукање во калифорнискиот град Монтереј Парк, близу Лос Анџелес соопшти полицијата. Инцидентот се случил ноќеска во 22 часот по локални време.

    Илјадници луѓе претходно беа собрани во градот за прослава на кинеската нова година. Полицијата не кажа колку се повредени во пукањето, ниту дали има уапсени, само дека осомничениот е маж.

    Сведок за Лос Анџелес Тајмс изјави дека тројца влегле во неговиот ресторан и му кажале да ја заклучи вратат затоа што во близина има човек со автоматска пушка. Кинеската нова година се слави цел викенд во Монтереј Парк и обично привлекува околу 100.000 посетители.

    Во Монтереј Парк живее голема азиска заедница.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира