91-ГОДИШЕН КАНАДСКИ МИЛИЈАРДЕР УАПСЕН ЗА СИЛУВАЊЕ

    91-ГОДИШЕН КАНАДСКИ МИЛИЈАРДЕР УАПСЕН ЗА СИЛУВАЊЕМилијардерот Стронак на настан во 2015 година. (Фото: Си-Би-Си)

    Властите во Канада поднесоа обвинение против австриско-канадскиот милијардер Френк Стронак по истрага за неколку сексуални напади од 1980-те.

    Канадската полиција соопшти дека 91-годишниот Стронак бил уапсен во петокот во околината на Торонто и обвинет за пет кривични дела, вклучувајќи силување, сексуален напад и незаконско задржување. Полицијата вели дека кривичните дела се случувале од 1980 до 2023 година.

    Стронак, кој е роден во Астрија, е основач на компанијата „Магна“, еден од најголемите производители на автоделови во светот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира