Малезија е на пат да го добие најстариот избран лидер на светот, откако 92-годишниот поранешен премиер Махатир Мохамад однесе неочекувана победа на изборите.
Тој се врати од пензија и премина во опозиција, за да му се спротивстави на својот поранешен штитеник Наџиб Разак, кој беше обвинуван за корупција.
Со оваа историска победа, Мохамад успеа да ја симне од власта коалицијата Барисан насионал (БН), која владееше со државата откако се здоби со независност во 1957 година.
„Ќе ја прифатам волјата на народот“, изјави Разак.
Ниту една партија не освои мнозинство, па сега кралот треба да реши кој ќе формира влада.
„Да, да, жив сум“, кажа Мохамад во раните утрински часови, додавајќи дека нема да бара одмазда, туку воспоставување на владеење на правото.
Како лидер на БН, Мохамад беше премиер на Малезија 22 години, до повлекувањето во 2003 година. Под негово водство, Малезија стана еден од азиските тигри, група земји кои драстично економски напредуваа во 90-ите години, но, исто така, го следеше статус на авторитарен лидер.