ПОРНО ЅВЕЗДА ДОБИЛА 130.000 ДОЛАРИ ДА МОЛЧИ ЗА СЕКСУАЛНИОТ ОДНОС СО ТРАМП

    ПОРНО ЅВЕЗДА ДОБИЛА 130.000 ДОЛАРИ ДА МОЛЧИ ЗА СЕКСУАЛНИОТ ОДНОС СО ТРАМПСпоред извештајот на „Вол Стрит Џурнал“, Трамп се сретнал со Стефани Клифорд, позната по псевдонимот Сторми Дениелс, на голф турнир во 2006 година. - Доналд Трамп; Сторми Дениелс

    Личниот адвокат на Доналд Трамо договорил исплата од 130.000 долари на порно актерка за да ја спречи јавно да зборува за наводен сексуален однос со американскиот претседател, објави „Вол Стрит Џурнал“. Трамп се сретнал со Стефани Клифорд, позната по псевдонимот Сторми Дениелс, на голф турнир во 2006 година, една година откако се венчаше со сегашната сопруга Меланија.

    Според извештајот на „Џурнал“, Клифорд почнала да зборува со „Еј-Би-Си Њуз“ есента 2016 година за приказна за нејзината наводна врска со Трамп. Сепак, таа се договорила за исплатата од 130.000 долари еден месец пред изборите во ноември и тоа ја спречило да излезе во јавност со приказната.

    Долгогодишниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, ја организирал исплатата преку адвокатот на порно актерката, Кит Дејвидсон, открива „Џурнал“.

    Клифорд, исто така, разговарала со онлајн магазинот „Слејт“, објави „Њујорк Тајмс“. Џејкоб Вајсберг, главен и одговорен уредник на „Слејт“, за „Тајмс“ изјави дека Клифорд му кажала дека имала афера со Трамп.

    Во изјавата за „Џурнал“, авокатот на Трамп одби за зборува за неговата улога во наводната исплата, но кажа дека Трамп негира таква врска со Клифорд. И порно актерката претходно негираше дека имала врска со Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира