АЕРОДРОМОТ „МАЛПЕНЗА“ ВО МИЛАНО ЌЕ ГО НОСИ ИМЕТО НА СИЛВИО БЕРЛУСКОНИ

    АЕРОДРОМОТ „МАЛПЕНЗА“ ВО МИЛАНО ЌЕ ГО НОСИ ИМЕТО НА СИЛВИО БЕРЛУСКОНИБерлускони почина пред една година на 86 години (Фото. АП)

    Главниот аеродром во Милано во иднина ќе го носи името на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, објави министерот за транспорт Матео Салвини.

    Берлускони, кој почина пред една година на 86 години, водеше четири влади како лидер на партијата Напред Италија и беше еден од најконтроверзните италијански политичари во поново време.

    Салвини изјави дека цивилните воздухопловни власти го одобриле барањето на регионот Ломбардија, на кој му припаѓа и Милано, аеродромот „Малпенза“ да биде преименуван во чест на Берлускони, кој живееше во финансискиот центар на Италија.

    Оваа одлука е во чест на мојот пријател Силвио, голем бизнисмен, голем жител на Милано и голем Италијанец“, кажа Салвини.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира