АКО МЕ АПСИТЕ, ЌЕ СЕ ФРЛАМ ОД ЗГРАДА, КАЖА БИВШИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГРУЗИЈА

    АКО МЕ АПСИТЕ, ЌЕ СЕ ФРЛАМ ОД ЗГРАДА, КАЖА БИВШИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГРУЗИЈАМихеил Сакашвили беше приведен, откако специјалци го симнаа од покривот, но наскоро и пуштен на слобода (Фото: Ројтерс)

    Поранешниот претседател на Грузија, Михеил Сакашвили, се закани дека ќе се фрли од покрив на зграда во Киев, кога украинските специјалци сакаа да го уапсат.

    Тој избегал на покривот, пред полицијата да дојде во неговиот стан и по заканите дека ќе се фрли, бил одвлечкан од маскирани специјалци.

    Полицијата притоа се судри и фрли солзавец врз приврзаниците на Сакашвили, кои се обидоа да ја спречат да го внесе во комбе.

    Сакашвили на крајот беше приведен, но наскоро и пуштен на слобода и нејасно е дали и какви обвиненија ќе бидат покренати против него.

    Адвокатите на Сакашвили изјавија дека тој би можел да биде обвинет за соработка со криминална група или за планирање на државен удар.

    Јавниот обвинител на Украина кажа дека активностите на Сакашвили во земјата биле финансирани од соработник на бившиот претседател Виктор Јанукович.

    Ова е последното поглавје во бизарната политичка кариера на Сакашвили, кој своевремено се сметаше за реформаторска надеж на Грузија, кога дојде на власт во 2003 година. Тој потоа се врза со сегашниот украински претседател Петро Порошенко, кој му даде државјанство и го постави за лидер на регионот Одеса, но потоа се скараа и станаа политички противници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира