АКО НА РАБОТА ИМАТЕ ПРОБЛЕМИ ПОРАДИ ОБЈАВИ НА Х, НИЕ ЌЕ ВИ ГИ ПОКРИЕМЕ ПРАВНИТЕ ТРОШОЦИ, КАЖА МАСК

    АКО НА РАБОТА ИМАТЕ ПРОБЛЕМИ ПОРАДИ ОБЈАВИ НА Х, НИЕ ЌЕ ВИ ГИ ПОКРИЕМЕ ПРАВНИТЕ ТРОШОЦИ, КАЖА МАСКМаск неодамна го смени името на Твитер во Х (Фото: Гети)

    Илон Маск кажа дека Х, порано позната како Твитер, ќе им ги покрие правните трошоци на сите оние кои ќе имаат проблеми на работа поради нивната активност на оваа социјална мрежа. Тој додаде дека финансиската поддршка од неговата платформа нема да има ограничувања.

    Слободно известете ме доколку сте искусиле неправеден однос на работа поради некоја ваша објава или лајк“, им порача Маск на корисниците на Х.

    Маск се опишува себеси како апсолутист на слободата на говорот и беше гласен критичар на поранешните политики на уредување на содржините на Твитер.

    Слободата на говорот е темелот на функционална демократија, а Твитер е дигитален плоштад каде што се дебатира за теми витални за иднината на човештвото“, кажа Маск по преземањето на компанијата во април минатата година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира