АКО САД ПОЧНАТ ДА РАЗВИВААТ ЗАБРАНЕТИ ПРОЕКТИЛИ, И НИЕ ЌЕ ГО НАПРАВИМЕ ИСТОТО, ВЕЛИ ПУТИН

    АКО САД ПОЧНАТ ДА РАЗВИВААТ ЗАБРАНЕТИ ПРОЕКТИЛИ, И НИЕ ЌЕ ГО НАПРАВИМЕ ИСТОТО, ВЕЛИ ПУТИНДоналд Трамп ја обвини Русија дека постојано го крши договорот од 1987 година (Фото: АП)

    Владимир Путин предупреди дека и Русија ќе го напушти клучниот договор за контрола на вооружувањето и ќе почне да развива проектили што се забранети со него, доколку САД го направат истото.

    Рускиот претседател го кажа ова само ден откако американскиот државен секретар Мајк Помпео објави на состанок на НАТО дека Вашингтон на 60 дена ќе ги замрзне своите обврски предвидени со Пактот за нуклеарно оружје со среден дострел, обвинувајќи ја Москва дека мами. Русија и натаму негира дека го крши договорот.

    Доналд Трамп пред неколку месеци најави дека САД ќе излезат од Пактот, обвинувајќи ги Русија и Кина, која не е потписник, дека постојано го прекршуваат. Потпишан во 1987 година, овој договор се смета за клучен за одржување на глобалната стабилност.

    „Одлуката на САД да го напушти Пактот значи дека тие решиле дека треба да ги имаат тие оружја. Во тој случај, одговорот на Русија ќе биде дека и ние ќе го направиме истото“, изјави Путин.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари