АКО УКРАИНА ЈА ГАЃА РУСИЈА СО АМЕРИКАНСКИ ПРОЕКТИЛИ, ЌЕ СМЕТАМЕ ДЕКА НАПАДОТ ГО ИЗВЕЛА АМЕРИКА, КАЖА КРЕМЉ

    АКО УКРАИНА ЈА ГАЃА РУСИЈА СО АМЕРИКАНСКИ ПРОЕКТИЛИ, ЌЕ СМЕТАМЕ ДЕКА НАПАДОТ ГО ИЗВЕЛА АМЕРИКА, КАЖА КРЕМЉСАД ѝ испорачаа проектили „АТАЦМС“ пред повеќе од една година

    Ако проектили обезбедени од САД паднат длабоко во Русија, Москва ќе смета дека овој напад бил изведен не од Украина, туку од самата Америка, објави Кремљ утрово, реагирајќи на одлуката на Џо Бајден да ѝ дозволи на Украина да ја напаѓа Русија со американски оружја со долг дострел.

    Русија и Владимир Путин јасно ги кажаа своите позиции. Оваа одлука на САД значи ново ниво на вклученост на Вашингтон во конфликтот. Јасно е дека администрацијата на Бајден сака да долее масло на огнот и да испровоцира ескалација на тензиите“, објави Кремљ.

    Украина со месеци бараше од западните сојузници да ѝ дозволат да користи проектили со долг дострел за напади во длабочината на Русија, за што Владимир Путин на 12 септември кажа дека би значело директно вклучување на НАТО во војната во Украина.

    Украина веќе располага со проектили со долг дострел, но досега ги користеше само за напади врз окупираните делови на земјата. САД ѝ испорачаа проектили „АТАЦМС“ пред повеќе од една година, додека Франција и Велика Британија донираа проектили „сторм шедоу“, но со ограничувања со нив да не се гаѓа руска територија.

    Овие ракети имаат дострел од околу 300 километри и Украина со нив напаѓаше цели во Бердјанск и Луганск на истокот на земјата, како и на Крим. Бидејќи само малку држави го имаат признато анектираниот полуостров Крим за дел на Русија, тој не потпаѓаше под западните ограничувања за употреба на проектилите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира