Шкотскиот актер Шон Конери почина на 90 години, соопшти неговото семејство.
Конери беше најпознат по улогата на Џемс Бонд и го глумеше британскиот шпиун во седум филмови. Неговата актерска кариера траеше децении и од актерските награди освои Оскар, две награди Бафта и три Златен глобус.
Конери глумеше и во Индијана Џонс, а Оскарот го освои во 1988 година за најдобра споредна улога во филмот „Недопирливите“.