Активисти на „Гринпис“ ја украдоа восочната фигура на Емануел Макрон од музејот „Гревин“ во Париз, по што ја донесоа пред руската амбасада, протестирајќи против француските деловни врски со Русија.
„Активисти на ‘Гринпис Франција‘ ја позајмија статуата на Емануел Макрон од музејот ‘Гревин‘, верувајќи дека не ѝ е место во светски познатата културна установа додека Франција не ги раскине своите договори со Русија и не промовира амбициозна и одржлива еколошка транзиција на европско ниво“, соопшти францускиот огранок на „Гринпис“.
Оваа непрофитна организација го обвини Макрон дека зазема цврст став кога зборува за крај на војната во Украина, но не го запира увозот на руските гас и вешташко ѓубриво.
„Украина гори, бизнисот продолжува“, стоеше на натписот истакнат на протестот.
Според француските медиуми, кражбата ја извршиле двајца мажи и една жена кои глумеле дека се туристи. Од „Гринпис“ не кажаа кога фигурата на Макрон ќе биде вратена.