Во францускиот град Анен-Бомон, движењето Фемен денеска организираше протест против Марин Ле Пен, кандидатката за француски претседател, за време гласањето од вториот круг, во кој таа се соочува со Емануел Макрон.
Пет топлес активистки се качија на покривот на црквата спроти гласачкото место на Ле Пен и поставија транспарент со натпис: „Марин на власт, Маријана во очај“. Маријана е симболот на Француската револуција и симболизира слобода и интелигенција.
Францускиот весник „Фигаро“ објави дека активистките биле приведени од полицијата кога Ле Пен дошла да гласа.
На 23 април, за време на првиот круг од од претседателските избори, активистки на Фемен со маски од Ле Пен, нејзиниот татко Жан-Мари, Башар ал-Асад, Доналд Трамп и Владимир Путин упаднаа во едно од гласачките места во Анен-Бомон и се обидоа да го прекинат гласањето.