АЛБАНСКИТЕ АНТИКОРУПЦИСКИ ОБВИНИТЕЛИ ОТВОРИЈА ИСТРАГА ЗА ПРОЕКТОТ НА ЗЕТОТ НА ТРАМП ЗА ИЗГРАДБА НА ЛУКСУЗНО ОДМОРАЛИШТЕ

    АЛБАНСКИТЕ АНТИКОРУПЦИСКИ ОБВИНИТЕЛИ ОТВОРИЈА ИСТРАГА ЗА ПРОЕКТОТ НА ЗЕТОТ НА ТРАМП ЗА ИЗГРАДБА НА ЛУКСУЗНО ОДМОРАЛИШТЕВо август 2024, Џаред Кушнер ги откри плановите на „Афинити партнерс“ за изградба на луксузно одморалиште во Албанија (Фото: АП)

    Албанските обвинители против корупција истражуваат проект за луксузно одморалиште поврзан со зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, додека продолжуваат протестите на граѓаните и еколошките организации. Проектот ги опфаќа ненаселениот јадрански остров Сазан и неколку стотици хектари од заштитениот предел Вјоса-Нарта, крајбрежна мочуришна област каде што се гнездат фламинга, фоки и морски желки.

    Специјалното обвинителство против корупција на Албанија потврди дека отворило истрага за контроверзни промени во заштитениот статус и сопственоста на земјиштето во областа во 2024, што отворило врата за развој на туризмот.

    Кушнер, кој раководи со фирмата „Афинити партнерс“, има свое портфолио на недвижности проценето на милијарди долари. Во август 2024, Кушнер ги откри плановите на „Афинити партнерс“ за изградба на луксузно одморалиште во Албанија, а на почетокот на оваа година ја посети областа со сопругата Иванка. Во неодамнешно интервју за „Политико“, албанскиот премиер Еди Рама потврди дека владата и Кушнер преговараат за договорот, кој треба да вклучува 10.000 хотелски соби.

    Зборувајќи во албанскиот парламент вчера, Рама негираше дека проектот навлегува во заштитен резерват за диви животни и рече дека конечниот предлог сè уште не е поднесен, а студијата за животната средина не е завршена.

    Протестите предводени од граѓани и еколошки невладини организации започнаа кон крајот на мај, кога инвеститорите поставија големи огради со бодликава жица на предложената локација во Звернец, јужна Албанија, спречувајќи ги локалните жители и туристите да пристапат до плажата.

    Сакам да ја направам Албанија земја на која ќе ѝ се завидува во регионот, а овој проект е дел од овој напор“, рече Рама.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира