АЛЕК БОЛДВИН СЕ СПОГОДИ СО СЕМЕЈСТВОТО НА СНИМАТЕЛКАТА КОЈА ЈА УБИ, СНИМАЊЕТО НА ФИЛМОТ ЌЕ ПРОДОЛЖИ

    АЛЕК БОЛДВИН СЕ СПОГОДИ СО СЕМЕЈСТВОТО НА СНИМАТЕЛКАТА КОЈА ЈА УБИ, СНИМАЊЕТО НА ФИЛМОТ ЌЕ ПРОДОЛЖИХалина Хачинс беше убиена пред една година на снимањето на вестернот „Раст“ (Фото: Гети)

    Алек Болдвин постигна спогодба со семејството на кинематограферката Халина Хачинс, која случајно ја уби на снимањето на вестерн филмот „Раст“, пукајќи во неа од пиштол реквизит. Снимањето на филмот ќе продолжи во јануари, а сопругот на Хачинс, Метју, ќе биде извршен продуцент.

    Во судската тужба поднесена против Болдвин, продуцентите и други стои дека биле прекршени неколку стандарди на филмската индустрија.

    Сите страни веруваат дека смртта на Хачинс била несреќа“, рекол нејзиниот сопруг.

    Деталите од спогодбата не се познати и треба да бидат одобрени од судот.

    Хачинс кажа дека снимањето на филмот ќе биде довршено со целата оригинална екипа како своевидна посвета на неговата сопруга.

    Немам никаков интерес да обвинувам некого за нејзината смрт“, изјави Метју Хачинс.

    Фаталниот инцидент кој го шокираше филмскиот свет се случи во октомври минатата година во Ново Мексико.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира