Еден од највозбудливите моменти на годинашните Оскари беше кога на сцената во количка дојде математичарката Катерин Џонсон, според чија приказна за групата на Афроамериканки математичарки на НАСА и нивниот придонес за вселенската трка во 50-ите и 60-ите е снимен „Скриени фигури“ со Жанел Мона, Тараџи П. Хенерсон и Октавија Спенсер. Филмот беше номиниран за 3 оскари меѓу кои и за најдобар филм и најдобра споредна женска улога за Спенсер.
Многу Американци се добро запознаени со хероите на астронаутиката од вселенските трки на 20-иот век – имињата на Гас Грисом и Нил Армстронг. Но, кој ги вршеше калкулациите за нивното успешно слетување на Mесечината? Неколку истражувачи на НАСА коишто го овозможија патувањето во вселената биле жени. Меѓу нив, жени Афроамериканки одиграа важна улога во индустријата на астронаутиката, дури и кога Џим Кроу беше жив.
„Кога првите пет жени Aфроамериканки стапија на работа во 1943, во канцеларијата имаш одделен тоалет за ‘обоените девојки’ и маса за компјутери за ‘обоените’, вели Маргот Ли Шетерли, авторка на книгата „Скриени фигури: Американскиот сон и нераскажаната приказна на жените Афроамериканки математичарки, кои помогнаа за победата на вселенската трка“.
Шетерли зборува за Катерин Џонсон како најпризнаена од сите човечки компјутери на НАСА, белци или црнци. Таа почна да работи во Ленгли во 1953. Шетерли, ќерка на поранешниот научник на Ленгли, ја раскажува приказната на овие жени во книгата, според која е снимен и филмот.
Џонсон направи многу работи, а беше и коавтор на пишувањето на извештајот на равенките за траекторијата која би ја имало летало во орбитата околу Земјата. Еден од најважните моменти на нејзината кариера беше лансирањето во орбитата на летот на Џон Глен, што навистина беше клучна точка на вселенската трка помеѓу САД и Советскиот Сојуз. Тогаш Русите имаа водечка позиција во вселената, а Американците се обидуваа да ги достигнат. Ова беше исто така моментот кога електронските компјутери ја зафаќаа сѐ повеќе улогата на пресметување на потребните услови за мошне комплексните мисии.
Но, во овој момент на транзиција од човек на компјутер, Џон Глен ја побара Кетрин Џонсон – „Девојката“, (сите жени тогаш ги нарекуваа „девојки“), и рече: „Девојката да го направи тоа. Сакам овој човечки компјутер да го провери капацитетот на електронскиот компјутер, и ако таа каже дека е добар, тогаш ќе го сметам како еден од условите за летот“.
Така, астронаутот кој стана херој, ја сметаше оваа обоена жена во сѐ уште сегрегираниот Југ на времето, како еден клучен дел за успешноста на мисијата.
На прашањето зошто оваа приказна се раскажува токму сега, Шетерли вели: „Тоа е нешто што сите ме прашуваат… Јас навистина се борам за ова, затоа што од една страна, многу луѓе ја знаеја историјата, и викаа: Добро, ние сме ги знаеле овие жени, и сме знаеле дека работеле таму и дека биле многу скромни.“
Кога ја прашуваа Катерин Џонсон како ѝ било да работи за толку голема работа под толку голем притисок, таа често велеше: „Јас само си ја вршев мојата работа.“ „Мислам дека многу жени во тоа време се чувствуваа така. Тие има разни идентитети покрај тоа што беа професионални математичари во НАСА. Тие беа мајки, сопруги, активни луѓе во црква, во нивната заедница. Така што, ова беше само еден аспект на нивниот идентитет“, вели Шетерли.