АМЕРИКА СЕ СООЧУВА СО ДОСЕГА НЕВИДЕНА ПОЛИТИЧКА КРИЗА ПО УБИСТВОТО НА ЧАРЛИ КИРК, КАЖА ОБАМА

    АМЕРИКА СЕ СООЧУВА СО ДОСЕГА НЕВИДЕНА ПОЛИТИЧКА КРИЗА ПО УБИСТВОТО НА ЧАРЛИ КИРК, КАЖА ОБАМАОбама кажа дека претходниците на Трамп го нагласувале националното единство во моменти на голема тензија (Фото: АП)

    Барак Обама предупреди дека САД се соочуваат со политичка криза каква што досега не е видена по убиството на конзервативниот инфлуенсер Чарли Кирк. Тој се обрати на настан во Пенсилванија, каде што кажа дека не го познавал Кирк и не се согласувал со повеќето негови ставови, опишувајќи го неговото убиство како ужасна трагедија.

    Тој ги критикуваше забелешките на Доналд Трамп за неговите политички противници и ги посочи претходните републикански претседатели кои го нагласувале националното единство во моменти на голема тензија. Белата куќа одговори дека Обама е „архитектот на модерните политички поделби“.

    Мислам дека во вакви моменти, кога тензиите се високи, дел од работата на претседателот е да ги обедини луѓето. Кога ги слушам не само нашиот сегашен претседател, туку и неговите помошници, кои имаат историја да ги нарекуваат политичките противници штетници и непријатели кои треба да бидат таргетирани, тоа зборува за поширок проблем што го имаме во моментов и нешто со кое ќе мора да се справиме сите ние. Ги повикувам Американците да го почитуваат правото на другите луѓе да кажуваат работи со кои не се согласуваат“, кажа Обама.

    Тој го пофали гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, конзервативен републиканец, велејќи дека „покажал дека е можно да не се согласуваме, а сепак да се придржуваме до основниот кодекс за вклучување во јавна дебата“.

    Кирк беше убиен со еден куршум додека држеше говор на јавен настан на универзитет во Јута. Важеше за еден од најугледните конзервативни активисти кој му помогна на Трамп да привлече многу гласови од младите на ланските избори. За неговото убиство е обвинет 22-годишниот Тајлер Робинсон, кој рекол дека му било доста од неговата омраза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира