АМЕРИКАНЕЦ ПРЕГАЗЕН ДОДЕКА ПОМАГАШЕ НА СЕМЕЈСТВО ПАТКИ ДА ПОМИНЕ УЛИЦА

    АМЕРИКАНЕЦ ПРЕГАЗЕН ДОДЕКА ПОМАГАШЕ НА СЕМЕЈСТВО ПАТКИ ДА ПОМИНЕ УЛИЦАМинувач го снимал 41-годишниот Ривара како им помага на патките. (Фото: 3КЦРА)

    Маж од Калифорнија почина откако беше удрен од автомобил додека ѝ помагаше на фамилија патки да помине преку улица, соопшти локалната полиција. Кејси Ривара (41) излезе од своето возило да им помогне на патките пред да биде удрен од 17-годишен возач во Роклин, околу 40 километри од Сакраменто.

    Сведоци велат дека Ривара (41) успешно ги насочил патките до другата страна од улицата пред сообраќајката.

    „Човекот се обидувал да им помогне да неколку патки кои се нашле на крстосницата. Додека тој бил на крстосницата, возач тинејџер го удрил“, се вели во соопштението на полицијата.

    Возачот не е уапсен и најверојатно нема да одговара за сообраќајната несреќа, кажа шефот на Роклинската полиција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира