АМЕРИКАНЕЦ ПРОНАЈДЕН 73 ГОДИНИ ОТКАКО БИЛ КИДНАПИРАН КОГА ИМАЛ ШЕСТ ГОДИНИ

    АМЕРИКАНЕЦ ПРОНАЈДЕН 73 ГОДИНИ ОТКАКО БИЛ КИДНАПИРАН КОГА ИМАЛ ШЕСТ ГОДИНИЛуис Армандо Албино (десно) со својот брат Роџер кој бил присутен при киднапирањето (Фото: приватна архива)

    Маж кој бил киднапиран кога имал шест години во Калифорнија е пронајден по повеќе од седум децении благодарение на стари фотографии, исечоци од весници и онлајн тест за потекло. Внуката на Луис Армандо Албино изјави дека со помош на полицијата и ФБИ го лоцирала нејзиниот вујко на источниот брег на САД.

    Според 63-годишната Алида Алекин, Албино е татко, дедо, пензиониран пожарникар и бивш маринец кој служел во Виетнам. Откако го пронашла, таа повторно го споила со неговото семејство во Калифорнија.

    Албино бил киднапиран на 21 февруари 1951 година додека со својот постар брат Роџер се играл во парк во Вест Оукленд. Тој бил намамен од жена која на шпански јазик му ветила дека ќе му купи лижавче. Место тоа, жената го киднапирала и го одвела на источниот брег, каде што живеел со двојка која го одгледала како свој син.

    Албино над 70 години се водел како исчезнат, но семејството никогаш не престанало да го бара. Неговата мајка починала во 2005. Полицијата на Оукленд кажа дека напорите на Алекин одиграле клучна улога во неговото пронаоѓање.

    Кога се сретнавме, тој ме прегрна и ми кажа ‘благодарам што ме најде‘“, рече Алекин за локални медиуми.

    Таа во 2020 го добила првиот податок дека Албино можеби е жив, откако онлајн тест за ДНК покажал совпаѓање од 22% со маж за кој излезе дека ѝ е вујко. Благодарение на нејзините напори, полицијата оваа година повторно го отворила случајот за исчезнувањето на Луис, по што тој бил лоциран.

    Алекин изјави дека Албино не сакал да збори за медиумите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира