Маж од Флорида е уапсен и обвинет за обид за убиство откако пукал во автомобил во кој биле двајца мажи. Локалните власти кажаа дека тој мислел дека во возилото се Палестинци, но всушност тие биле туристи од Израел.
Напаѓачот е идентификуван како 27-годишниот Мордекај Брафман, кој добил две обвиненија за обид за убиство.
Брафман, кој има еврејско потекло, рекол во полиција дека додека го возел својот камионет во Мајами Бич, видел двајца мажи за кои мислел дека се Палестинци. Тој потоа запрел пред нивното возило и почнал да пука кон нив, мислејќи дека ги убил.
„Двајцата преживеаја. Еден беше застрелан во рамо, а другиот во подлактица. Излезе дека биле посетители од Израел, а не Палестинци“, соопшти полицијата.
Активистите за човекови права велат дека од почетокот на војната во Газа, во САД е забележан пораст на омраза кон муслиманите, Палестинците и Евреите.