АМЕРИКАНКА УАПСЕНА ОТКАКО НА ЛАЖНАТА ПОТВРДА ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ „МОДЕРНА“ ЈА ПИШАЛА „МАДЕРНА“

    АМЕРИКАНКА УАПСЕНА ОТКАКО НА ЛАЖНАТА ПОТВРДА ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ „МОДЕРНА“ ЈА ПИШАЛА „МАДЕРНА“На властите им било сомнително и тоа што таа ја примила вакцината во Делавер, иако е од Илиноис (Фото: АП)

    Дваесет и четиригодишна жена од Илиноис била уапсена откако се обидела да влезе во Хаваи со лажна потврда за вакцинирање против ковид-19, на која имало очигледна грешка во спелувањето и вакцината на „Модерна“ биле преименувана во „Мадерна“.

    Со цел да го избегне задолжителниот десетдневен карантин, таа приложила потврда за вакцинирање во програмата за безбедно патување на Хаваи и со авионски лет пристигнала во Хонолулу на 23 август, стои во судските документи.

    „Прегледот на аеродромот открил сомнителни грешки: ‘Модерна‘ била погрешно спелувана, а вакцината ја примила во Делавер, иако нејзиниот дом е во Илиноис“, изјави Вилсон Лау, специјален агент во јавното обвинителство на Хаваи.

    Тој од здравствените власти во Делавер дознал дека таму нема потврда за вакцинирање за жена со тие име и датум на раѓање.

    Жената била задржана во притвор со кауција од 2.000 долари поради прекршување на локалните вонредни правила за контрола на ширењето на коронавирусот и за три недели ќе се појави на суд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира