АМЕРИКАНСКАТА ПОШТА ПРЕСТАНА ДА ПРИМА ПАКЕТИ ОД КИНА И ХОНГКОНГ

    АМЕРИКАНСКАТА ПОШТА ПРЕСТАНА ДА ПРИМА ПАКЕТИ ОД КИНА И ХОНГКОНГТрамп ја укина одредбата со која трговците на мало како „Шејн“ и „Тему“ испраќаа пакети со мала вредност во САД без царина (Фото: Гети)

    Американската пошта објави дека престанала да прима пакети од Кина и Хонгконг до натамошна одлука. Писмата не се опфатени со оваа мерка, за која не беше дадено објаснување.

    Ова доаѓа откако Доналд Трамп стави крај на трговската одредба што ја користеа трговците на мало како „Шејн“ и „Тему“ за да испраќаат пакети со мала вредност во САД без царина.

    Владата на Трамп вчера воведе нови царини од 10% за целиот увоз од Кина, по што стапија на сила и новите правила кои ја затворија дупката што дозволуваше мали пакети во вредност до 800 долари да се испраќаат во САД без плаќање данок или царина.

    Дополнителните царини и елиминацијата на погодностите следуваат по повеќекратните предупредувања од Трамп дека Пекинг не прави доволно за да го запре протокот на фентанил во САД. „Ројтерс“ претходно објави дека кинеските добавувачи ја користат одредбата за неплаќање царина за извоз на хемиски материјали за фентанил, прикривајќи ги како електронски уреди и други евтини стоки.

    „Ова е огромно. Луѓето кои чекаат пратки од ‘Амазон‘, ‘Тему‘ и ‘Шејн‘ не можат да знаат кога ќе ги добијат. Очекувам ова да биде краткотрајна мерка што ќе биде заменета со поефективна долгорочна мерка“, изјави Рам Бен Цион, основачот на дигиталната платформа за проверка на пратки „Публикан“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира