АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА ПО 20 ГОДИНИ ЈА НАПУШТИ ВОЗДУШНАТА БАЗА ВО БАГРАМ ДОДЕКА ТАЛИБАНЦИТЕ ВОЕНО НАПРЕДУВААТ НИЗ АВГАНИСТАН

    АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА ПО 20 ГОДИНИ ЈА НАПУШТИ ВОЗДУШНАТА БАЗА ВО БАГРАМ ДОДЕКА ТАЛИБАНЦИТЕ ВОЕНО НАПРЕДУВААТ НИЗ АВГАНИСТАНБаграм беше средиштето на војната против Талибанците и Ал Каеда (Фото: АП)

    Последните американски и НАТО сили ја напуштија воздушната база во Баграм, која 20 години беше во средиштето на војната против Талибанците и Ал Каеда, што навестува дека целосното повлекување на странските војски од Авганистан е прашање на време. Џо Бајден претходно најави дека САД ќе го довршат повлекувањето до 11 септември, но ова би можело да се случи и многу порано.

    Се верува дека во Авганистан до неодамна имаше уште 2.500-3.000 американски војници и тие ќе се повлечат заедно со останатите 7.000 странски војници. Една од нивните последни мисии е заштитата на меѓународниот аеродром во Кабул. Околу 650 американски војници ќе останат да ја чуваат амбасадата на САД во Кабул.

    Повлекувањето од клучната база, која се наоѓа северно од Кабул, се случува во периодот кога талибанските бунтовници продолжуваат да напредуваат во различни делови од Авганистан. Тие имаат освоено десетици окрузи, со што се стравува дека во земјата би можела да избие нова граѓанска војна по заминувањето на странските сили.

    Воздушната база во Баграм беше изградена од советската војска за време на окупацијата на Авганистан во 1980-ите, но кога американските и сојузничките сили ја освоија во 2001, таа беше руина. Базата потоа беше обновена и приспособена да може да прими 10.000 војници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира