АМЕРИКАНСКИ ХИРУРЗИ ПРВПАТ ПРЕСАДИЈА СРЦЕ ОД СВИЊА ВО ЧОВЕК

    АМЕРИКАНСКИ ХИРУРЗИ ПРВПАТ ПРЕСАДИЈА СРЦЕ ОД СВИЊА ВО ЧОВЕКЛекарите велат дека пациентот се чувствува добро, но не сакаат да даваат долгорочни прогнози (Фото: АП)

    Педесет и седумгодишен Американец стана првиот човек на кого му било пресадено срце од генетски модифицирана свиња. Лекарите велат дека Дејвид Бенет се чувствува добро три дена по експерименталната седумчасовна операција во Балтимор.

    Оваа трансплантација се сметала за последната надеж за спас на животот на Бенет, иако засега е нејасно какви се неговите долгорочни шанси за преживување.

    „Беше или да умрам или да се направи ова пресадување. Знам дека е истрел во празно, но тоа беше мојот последен избор“, кажа Бенет.

    Лекарите од Медицинскиот центар на Универзитетот на Мериленд добиле посебно одобрување од американските здравствени регулатори да ја изведат операцијата врз основа на тоа дека Бенет инаку ќе умреше. Поради неговата многу лоша здравствена состојба, тој не можел да прими друго човечко срце.

    „Оваа операција е чекор напред кон решавањето на кризата со недостиг на органи. Секој ден, во САД умираат 17 луѓе кои чекале пресадување, а повеќе од 100.000 се на листата на чекање“, изјави хирургот Бартли Грифит.

    Во октомври 2021, њујоршки хирурзи пресадија срцеви залистоци од свиња во човечки пациент, кој бил во клиничка смрт.

    Лекарите велат дека Бенет дише самостојно додека будно ја следат неговата состојба. Тие не сакаат да предвидат каков исход ќе има ова.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира