АМЕРИКАНСКИ ВОЕН БРОД СОБОРИЛ ЈЕМЕНСКИ ДРОНОВИ НАД ЦРВЕНОТО МОРЕ КОИ НАПАЃАЛЕ ЦИВИЛНИ ПЛОВИЛА

    АМЕРИКАНСКИ ВОЕН БРОД СОБОРИЛ ЈЕМЕНСКИ ДРОНОВИ НАД ЦРВЕНОТО МОРЕ КОИ НАПАЃАЛЕ ЦИВИЛНИ ПЛОВИЛАВоениот брод „Карни“ помогнал на три пловила кои се поврзуваат со 14 држави (Фото: АП)

    Американски воен брод соборил три дрона над Црвеното Море откако биле нападнати три цивилни брода. Воениот брод „Карни“ им помогнал на пловилата, кои се поврзуваат со 14 држави, откако тие биле нападнати од области во Јемен кои се под контрола на хутските бунтовници.

    Портпаролот на Хутите кажа дека цел на нападот биле два израелски брода, додека израелската војска соопшти дека бродовите немале никаква врска со Израел.

    Американската Централна команда објави дека „Карни“ детектирал експлозија на противбродски балистички проектил близу брод кој пловел под знамето на Бахами, а потоа соборил дрон кој бил насочен токму кон „Карни“. Два брода биле оштетени во нападот, но немало жртви.

    Поддржани од Иран, хутските бунтовнички групи од 2014 контролираат делови на Јемен и по почетокот на војната помеѓу Израел и Хамас објавија дека ќе напаѓаат бродови поврзани со Израел кои пловат по Црвеното Море.

    Централната команда соопшти дека се вмешале зашто „нападите ги загрозиле животите на мултинационалните посади на бродовите и претставувале директна закана за меѓународната трговија и поморската безбедност“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира