Американската војска го бомбардираше Иран седма ноќ по ред откако Доналд Трамп кажа дека привремениот договор за примирје е завршен. Централната команда на САД објави дека нејзините сили погодиле локации за надзор, воена логистичка инфраструктура, подземни складишта за оружје и поморски капацитети, во што учествувале борбени авиони, дронови и воени бродови.
Иран кажа дека возвратил со напади врз американските објекти во Кувајт и Јордан.
Иранските власти кажаа дека од обновувањето на американските напади загинале десетици луѓе, а стотици се ранети, додека американската војска потврди дека се повредени 13-мина нејзини припадници.
„Војната оди добро. Победуваме наголемо во Иран и многу, многу наскоро ќе ги видите плодовите од тој труд“, рече Трамп.
Вашингтон ги негираше тврдењата на Техеран дека САД вчера нападнале цивилна инфраструктура во Иран, вклучувајќи мостови, железничка станица и аеродром. Сепак, видеоснимки потврдија дека има оштетени мостови и патишта во јужен Иран.
„Сè додека не заврши агресијата на САД, нема да биде можно да се извезуваат хемиски ѓубрива или ни капка нафта и гас од регионот“, порача Иранската револуционерна гарда.



