АМЕРИКАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА ОСТИН ПОВТОРНО ВО БОЛНИЦА, ГИ ПРЕДАДЕ СВОИТЕ ЗАДОЛЖЕНИЈА НА ЗАМЕНИЧКАТА ХИКС

    АМЕРИКАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА ОСТИН ПОВТОРНО ВО БОЛНИЦА, ГИ ПРЕДАДЕ СВОИТЕ ЗАДОЛЖЕНИЈА НА ЗАМЕНИЧКАТА ХИКСНе е познато колку долго Остин ќе остане во болница (Фото: АП)

    Американскиот министер за одбрана Лојд Остин ѝ ги предаде своите задолженија на својата заменичка откако повторно беше примен во болница. Пентагон соопшти дека 70-годишниот Остин се наоѓа на одделот за интензивна нега во воениот медицински центар „Волтер Рид“ во Вирџинија поради симптоми кои упатуваат на проблеми со мочниот меур.

    Официјални лица не можеа да кажат колку долго тој ќе остане во болница.

    На Остин во декември му беше дијагностициран рак на простата, што не беше споделено со јавноста, па дури и претседателот Џо Бајден не знаел дека тој неколку дена бил во болница во почетокот на јануари.

    „Министерот Остин ги пренесе своите функции и задолженија на заменичката Кетлин Хикс. По првичните тестирања, министерот беше префрлен на интензивна нега со цел будно да се следи неговата состојба. Не се очекува проблемите со мочниот меур да влијаат врз неговото целосно заздравување по откривањето на ракот“, соопшти Пентагон.

    Остин в среда требаше да патува за Брисел на состанок за војната во Украина.

    Тој вторпат бил примен во болница на 1 јануари, за што во прв момент не биле известени Белата куќа и високи функционери на министерството за одбрана, вклучувајќи ја Хикс. Остин подоцна јавно се извини на брифинг што се пренесуваше на телевизија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира