АМЕРИКАНСКИТЕ АВИОКОМПАНИИ ГИ ОТКАЖАА СИТЕ ЛЕТОВИ, АЕРОДРОМИТЕ И МЕДИУМИТЕ НИЗ ЦЕЛ СВЕТ ИМААТ ТЕХНИЧКИ ПРОБЛЕМИ

    АМЕРИКАНСКИТЕ АВИОКОМПАНИИ ГИ ОТКАЖАА СИТЕ ЛЕТОВИ, АЕРОДРОМИТЕ И МЕДИУМИТЕ НИЗ ЦЕЛ СВЕТ ИМААТ ТЕХНИЧКИ ПРОБЛЕМИНа лондонскиот аеродром „Станстид“ некои проверки се вршат рачно, но „летовите сè уште функционираат нормално“. (Фото: Би-Би-Си)

    Големите американски авиокомпании ги откажаа сите летови поради проблеми со комуникацијата, додека други превозници, медиумски компании, банки и телекомуникациски фирми низ цел свет, исто така, објавија дека прекините на системот го нарушуваат нивното работење.

    „Американ ерлајнс’, „Делта ерлајнс“, „Јунајред ерлајнс“ и „Олџајант аир“ ги приземјија летовите помалку од еден час откако „Мајкрософт“соопшти дека го решил прекинот на  „клауд“ услугите што влијаеше на неколку нискобуџетни авиопревозници.

    Не е јасно дали повикот за спречување на полетувањето на летовите е поврзан со претходниот прекин на „клаудот“ на „Мајкрософт“.

    Во Австралија проблеми и прекини претрпеа  медиумите, банките и телекомуникациските компании, за кои владата рече дека се чини дека се поврзани со проблем во глобалната компанија за сајбер безбедност „Краудстрајк“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира