АМЕРИКАНСКИТЕ РАЗУЗНАВАЧИ НЕ ГО ПОДДРЖУВААТ ТВРДЕЊЕТО НА ТРАМП ДЕКА ИРАН РАЗВИВА РАКЕТИ СО КОИ ЌЕ МОЖЕ ДА ГИ ГАЃА САД

    АМЕРИКАНСКИТЕ РАЗУЗНАВАЧИ НЕ ГО ПОДДРЖУВААТ ТВРДЕЊЕТО НА ТРАМП ДЕКА ИРАН РАЗВИВА РАКЕТИ СО КОИ ЌЕ МОЖЕ ДА ГИ ГАЃА САДИран негира дека ги проширува своите ракетни капацитети (Фото: Њујорк тајмс)

    Тврдењето на Доналд Трамп дека Иран наскоро ќе има проектил со кој ќе може да ги гаѓа САД не е поддржано од американските разузнавачи и се чини претерано, изјавија три добро упатени извори за „Ројтерс“, доведувајќи во прашање еден од главните мотиви за можен напад врз Иран.

    Во своето годишно обраќање во Конгресот оваа недела, Трамп кажа дека Иран развива проектил со кој наскоро би можел да ја гаѓа Америка. Сепак, изворите велат дека нема промени во проценката на Агенцијата за одбранбено разузнавање на САД од 2025, според која на Иран ќе му требаат околу десет години да развие воено одржлива меѓуконтинентална балистичка ракета.

    „Дури и ако Кина или Северна Кореја, кои тесно соработуваат со Иран, обезбедат технолошка помош, на Иран веројатно ќе му бидат потребни најмалку осум години за да произведе нешто што е на ниво на оперативна интерконтинентална балистичка ракета“, кажа еден од изворите.

    Изворите рекоа дека не се свесни за какви било проценки на американските разузнавачки служби дека Иран развива ракета што наскоро би можела да ја погоди територијата на САД, но не ја исклучија можноста за нов разузнавачки извештај.

    „Њујорк тајмс“ прв објави дека американските разузнавачки агенции веруваат дека Иран е веројатно години далеку од тоа да има ракети што можат да ги погодат САД.

    САД и Иран вчера ја одржаа третата рунда индиректни разговори за иранската нуклеарна програма, без да се постигне видлив напредок, додека расте напнатоста на Блиски Исток поради можен американски напад. Без да понуди докази, Трамп кажа дека Иран почнал да ја обновува својата нуклеарна програма која, според него, беше уништена во американскиот воздушен напад во јуни.

    Во исто време, иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи негираше дека Иран ги проширува своите ракетни капацитети.

    „Ние не развиваме ракети со долг дострел. Намерно имаме ограничен дострел до 2.000 километри. Не сакаме тоа да биде глобална закана. Ги имаме само за да се одбраниме и за одвраќање“, кажа Аракчи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира