Републиканците одат кон победа во Претставничкиот дом, но трката за Сенатот останува крајно тесна, откако милиони Американци гласаа на изборите за Конгресот, што се очекува да го променат балансот на моќта во Вашингтон. Според последните резултати, на Републиканците им требаат уште 20 места за да ја преземат контролата во Претставничкиот дом.
Демократскиот кандидат Џон Фетерман прогласи победа во Пенсилванија, а и проекциите велат дека ќе ја победи ТВ-ѕвездата д-р Мехмет Оз во една од клучните трки за Сенатот. Таму конечниот победник и натаму е неизвесен, за што би можело да се решава во Аризона, Џорџија и Невада, со можност да има уште еден круг гласање во Џорџија на 6 декември.
Раните резултати сугерираа дека Демократите ќе избегнат тежок пораз, од што стравуваа некои во партијата.
„Дефинитивно нема ништо од републикански бран, тоа е сигурно. Мислам дека во Сенатот ќе бидеме на 51, 52 места“, изјави републиканскиот сенатор Линдзи Греам.