Американскиот државен секретар Џон Кери рече дека преговорите за излез на Британија од ЕУ не смеат да бидат такви што „ќе се отсече носот за да му се напакости на лицето“.
Кери, кој е во Лондон за средба со премиерот Дејвид Камерон, рече дека односите меѓу САД и Британија остануваат незасегнати од минатонеделниот изгласан брегзит. Тој рече дека му е жал за таа одлука, но дека верува оти Британија и ЕУ ќе ги заштитат заедничките вредности и ќе останат силни партнери на САД.
Кери ги повика лидерите на блокот да бидат „одговорни, чувствителни, разбрани и стратешки“ во престојните преговори со Британија.
Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд, кој беше заедно со Кери, рече дека Британија сѐ уште ќе игра главна улога во светот. И тој рече дека лутината никому нема да му помогне. Но, Хамонд призна дека чувствата се сѐ уште „ранливи.“