Поранешниот претседател Барак Обама изјави дека убедливата победа на Демократската партија на меѓуизборите во САД е доказ дека Американците сакаат промени.
„Вечерва, американскиот народ испрати јасна порака – тие сакаат политика што ги зближува луѓето, а не ги дели и лидери кои нудат конкретни решенија за предизвиците со кои се соочуваат“, напиша Обама на Икс.
Тој водеше кампања со неколку демократски кандидати во неизвесни сојузни држави како Мичиген и Џорџија.
„Нашата работа сега е да ги засукаме ракавите, да правиме промени секаде каде што имаме моќ да го сториме тоа, да спречиме понатамошни штети и да ја поставиме основата за иднината“, додаде Обама.
Последните проценки укажуваат на тежок пораз на Републиканците, само два години по убедливата победа на Доналд Трамп на претседателските избори. Тие ја изгубија контролата во двата дома на Конгресот, иако резултатите и натаму се објавуваат. Според последните резултати, демократите имаат освоено 53 места во Сенатот и 224 во Претставничкиот дом, со што го обезбедија мнозинството.



