АНСБАХ, ГРАДОТ КАДЕ ШТО СЕ РАЗНЕСЕ БЕГАЛЕЦ ОД СИРИЈА Е СЕДИШТЕ НА БАЗА СО 5.000 АМЕРИКАНСКИ ВОЈНИЦИ

a:1:{s:9:"td_source";s:30:"Ансбах,(СиЕнЕн)

    АНСБАХ, ГРАДОТ КАДЕ ШТО СЕ РАЗНЕСЕ БЕГАЛЕЦ ОД СИРИЈА Е СЕДИШТЕ НА БАЗА СО 5.000 АМЕРИКАНСКИ ВОЈНИЦИ

    Градот Ансбах каде што ноќеска еден бегалец од Сирија се саморазнесе со бомба во неговиот ранец и повреди 12 луѓе е седиште на голем американски гарнизон, јави Си Ен Ен. Околу 5.000 воени лица живеат таму заедно со своите семејства, вклучително и пензионери, како и деловни соработници на американската војска. Во областа на Ансбах има три воени инсталации.
    Инцидентот официјално се уште не се третира како тероризам, но властите велат дека може да има такви индиции.
    Во ранецот на самоубиецот имало ситни метални предмети што можеле да убијат многу луѓе, изјави баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман, така што не може да се третира како „обично самоубиство“. Тој рече дека 27 годишниот човек ја активирал бомбата откако не му било дозволено да влезе на музичкиот фестивал.

    По експлозијата биле евакуирани околу 2.500 луѓе од местото на настанот.

    Бомбашот влегол во Германија пред две години, а неговото барање за азил било одбиено пред една година, изјави баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман. Сепак, му било дозволено да остане привремено со оглед на ситуацијата во неговата родна земја, а му било обезбедено живеалиште Ансбах, додаде Херман.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари