АНТИИСЛАМСКИОТ ПОПУЛИСТ ГЕРТ ВИЛДЕРС УБЕДЛИВО ВОДИ НА ИЗБОРИТЕ ВО ХОЛАНДИЈА, ВЕЛАТ ИЗЛЕЗНИТЕ АНКЕТИ

    АНТИИСЛАМСКИОТ ПОПУЛИСТ ГЕРТ ВИЛДЕРС УБЕДЛИВО ВОДИ НА ИЗБОРИТЕ ВО ХОЛАНДИЈА, ВЕЛАТ ИЗЛЕЗНИТЕ АНКЕТИПартија за слободата на Вилдерс би можела да има 35 пратеници (Фото: АП)

    Искусниот антиисламски популист Герт Вилдерс се движи кон драматична победа на денешните парламентарни избори во Холандија, покажуваат излезните анкети.

    По 25 години во парламентот, неговата крајнодесничарска Партија за слободата би можела да има 35 пратеници и голема предност во однос на најблискиот ривал, алијансата Зелени-Лабуристи. Ако овие резултати бидат потврдени, тоа ќе донесе големи промени во холандската политика, но Вилдерс би можел да има тешка задача да пронајде партнери за формирање влада.

    Левичарската алијанса на Франс Тимерманс е на второто место според излезните анкети со 25 места во парламентот, додека првичниот фаворит ВВД, чиј претходен лидер Марк Руте ја водеше земјата како премиер цели 13 години, е на третото место.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира