АНТИКОРУПЦИСКАТА ПАРТИЈА ОБИЧНИ ЛУЃЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ ВО СЛОВАЧКА

    АНТИКОРУПЦИСКАТА ПАРТИЈА ОБИЧНИ ЛУЃЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ ВО СЛОВАЧКАЛидерот на Обични луѓе Иван Матович треба да стане нов премиер (Фото: ЕПА)

    Опозициската партија Обични луѓе (ОлаНО), која ја темелеше својата програма на борбата против корупција, победи на парламентарните избори во Словачка.

    Таа освои речиси 25% гласови, откако благодарение на својата антикорупциска агенда значително ѝ порасна рејтингот во изминатите недели.

    Една од главните теми во кампањата беше убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и на неговата свршеница во 2018 година. Полицијата го поврза нивното убиство со корупциските теми што ги истражуваше младиот Куцијак.

    Партијата Смер-СД, која доминираше во словачката политика цела деценија, собра само 18% гласови. Премиерот Петер Пелегрини го призна поразот.

    Парламентарните избори уследија откако лани за претседателка беше избрана Зузана Чапутова, уште еден борец против корупција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира