АНТИСЕМИТИЗМОТ Е ПРОБЛЕМ ВО ГЕРМАНИЈА, ПРЕДУПРЕДИ АНГЕЛА МЕРКЕЛ ПО ЕВРОПСКИТЕ ИЗБОРИ

    АНТИСЕМИТИЗМОТ Е ПРОБЛЕМ ВО ГЕРМАНИЈА, ПРЕДУПРЕДИ АНГЕЛА МЕРКЕЛ ПО ЕВРОПСКИТЕ ИЗБОРИПоради своето минато, Германија секогаш мора да биде побудна од останатите, вели Меркел (Фото: АФП)

    Ангела Меркел изјави дека антисемитизмот е проблем во Германија и дека земјата има историска одговорност да се спротивстави на зголемената закана од крајната десница, како домашна, така и во странство.

    Зборувајќи по европските избори, на коишто националистите добија голема поддршка, Меркел кажа дека „духовите на минатото треба постојано да ја држат земјата будна“.

    „Германија нема да се исклучи од она што се случува низ цел свет, па така и во самата Германија. Но, во Германија, тоа секогаш се гледа во еден одреден контекст, контекстот на минатото, што значи дека ние секогаш мора да бидеме побудни од останатите“, изјави Меркел.

    Критичарите на Меркел тврдат дека и таа придонесла за порастот на поддршката за крајната десница со тоа што пуштила речиси еден милион бегалци во земјата во 2015 година.

    „Отсекогаш имало одредено ниво на антисемитизам меѓу нас и низ годините не се боревме против тоа на задоволителен начин. Мора да им кажеме на нашите млади луѓе што тие хорори ѝ имаат донесено на земјата“, изјави Меркел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира