АПСЕЊЕТО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ИСТАНБУЛ ДОВЕДЕ ДО НАЈГОЛЕМИТЕ ПРОТЕСТИ ВО ТУРЦИЈА ВО ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ

    АПСЕЊЕТО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ИСТАНБУЛ ДОВЕДЕ ДО НАЈГОЛЕМИТЕ ПРОТЕСТИ ВО ТУРЦИЈА ВО ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИДемонстрантите се судрија со полицијата во Истанбул (Фото: Гети)

    Протести избија во Турција откако властите го уапсија градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу само неколку дена пред тој да биде избран за претседателски кандидат на опозициската Републиканска народна партија. Имамоглу се смета за најголемиот политички ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

    Обвинителите го обвинија Имамоглу за корупција и за помагање на терористичка група, при што го сомничат дека е лидер на криминална организација. Покрај него, уапсени се уште стотина лица, вклучувајќи политичари, новинари и бизнисмени.

    Гувернерот на Истанбул воведе ограничувања во градот на четири дена со цел да се спречат протести, но и покрај тоа, илјадници демонстранти излегоа на улиците и во универзитетските кампуси, извикувајќи антивладини слогани. Ова е најголемиот израз на јавен гнев во Турција во изминатите години и демонстрантите дури се судрија со полицијата во Истанбул. Се очекуваат и нови протести низ државата откако опозициските лидери и сопругата на Имамоглу ги повикаа луѓето да го кренат својот глас.

    Волјата на народот не може да се замолчи. Народот ќе одговори на лагите, заговорите и замките против мене“, кажа Имамоглу.

    Интернет набљудувачот „Нетблокс“ објави дека Турција сериозно го ограничила пристапот до Икс, Јутјуб, Инстаграм и ТикТок.

    Имамоглу беше уапсен еден ден откако Универзитетот во Истанбул ја поништи неговата диплома поради наводни нерегуларности и доколку оваа одлука биде потврдена, тоа ќе го спречи да се кандидира на претседателските избори. Според турскиот устав, претседателските кандидати мора да имаат завршено високо образование за да можат да ја извршуваат функцијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира