АРАПСКИТЕ ЗЕМЈИ УСВОИЈА ПЛАН ЗА ОБНОВА НА ГАЗА СПРОТИВЕН НА ИДЕИТЕ НА ТРАМП ЗА НЕЈЗИНО ПРЕТВОРАЊЕ ВО РИВИЕРА

    АРАПСКИТЕ ЗЕМЈИ УСВОИЈА ПЛАН ЗА ОБНОВА НА ГАЗА СПРОТИВЕН НА ИДЕИТЕ НА ТРАМП ЗА НЕЈЗИНО ПРЕТВОРАЊЕ ВО РИВИЕРАДокументот на 91 страница содржи слики од зелени населби и големи јавни згради

    Арапските лидери усвоија план за обнова на Газа од 53 милијарди долари, како алтернатива за нејзиното преземање од Доналд Трамп и претворање во блискоисточна ривиера.

    Египетскиот план сега е арапски план“, изјави генералниот секретар на Арапска лига, Ахмед Абул Геит, на крајот на самитот во Каиро.

    Без да ги спомне идеите на Трамп, Геит нагласи дека арапскиот план отфрла секаков вид раселување, било доброволно, било присилно. Документот на 91 страница содржи слики од зелени населби и големи јавни згради, што е во спротивност со предлогот на Трамп за раселување на два милиона Палестинци и претворање на Газа во развоен проект.

    Ваквата физичка реконструкција би била чекор напред кон решението со две држави“, изјави египетскиот претседател Абдул Фатах ал-Сиси.

    Арапските земји и многу други сметаат дека ова е единственото трајно решение за долготрајниот конфликт, но тоа беше отфрлено од Израел и неговите најблиски сојузници. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кажа дека го прифаќа единствено „визионерскиот план на Трамп“.

    Планот на арапските земји предвидува со Газа да управува посебен комитет под капата на палестинската влада, составена од квалификувани технократи. Нејасно е дали Хамас би имал некаква улога. Некои арапски земји бараат целосно растурање на Хамас, а други сметаат дека за ова треба да решат самите Палестинци. Хамас наводно прифаќа да не учествува во управувањето со Газа, но не сака да го положи оружјето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира