АРГЕНТИНА СЕ ОТКАЖА ОД ВЛЕГУВАЊЕТО ВО БЛОКОТ БРИКС, ПРЕДВОДЕН ОД РУСИЈА И КИНА

    АРГЕНТИНА СЕ ОТКАЖА ОД ВЛЕГУВАЊЕТО ВО БЛОКОТ БРИКС, ПРЕДВОДЕН ОД РУСИЈА И КИНАПретседателот Милеј ја промени одлуката донесена од претходната влада (Фото: АП)

    Новиот претседател на Аргентина, Хавиер Милеј, ги откажа плановите за влегување на земјата во блокот држави БРИКС. Во писмо до лидерите на Русија, Кина, Индија, Бразил и Јужна Африка, Милеј кажа дека ја променил одлуката донесена од претходната влада.

    Аргентина требаше да биде една од шест земји кои ќе се приклучат на БРИКС на 1 јануари, заедно со Египет, Иран, Етиопија, Саудиска Арабија и Обединети Арапски Емирати. БРИКС се смета за противтежа на западниот свет.

    Десничарот Милеј победи на претседателските избори во ноември со ветувањето дека со радикални мерки ќе ја извлече земјата од големата економска криза. Тој го наследи Алберто Фернандес, чии ставови беа во поголема согласност со членките на БРИКС.

    Надворешната политика на мојата влада во многу нешта се разликува од онаа на претходните влади. Оттука сметаме дека не е соодветно Аргентина да стане полноправна членка на БРИКС“, вели Милеј, кој важи за голем критичар на Кина, која е економски доминантна во овој блок.

    Аргентина се бори со огромна инфлација, при што цените пораснаа за 150% за период од една година, а 40% од населението живее под границата на сиромаштија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира