АРИЗОНА ЌЕ ГО УКИНЕ ЗАКОНОТ ОД 1864 СО КОЈ ЦЕЛОСНО СЕ ЗАБРАНУВА АБОРТУСОТ

    АРИЗОНА ЌЕ ГО УКИНЕ ЗАКОНОТ ОД 1864 СО КОЈ ЦЕЛОСНО СЕ ЗАБРАНУВА АБОРТУСОТЗаконот потекнува од времето кога Аризона сѐ уште не била сојузна држава на САД (Фото: АП)

    Сенатот на Аризона гласаше за укинување на законот од 1864 година со кој целосно се забранува абортусот. И двајца републиканци им се придружија на демократите во Сенатот во изгласувањето на одлуката, која минатата недела тесно помина и во Претставничкиот дом на Аризона.

    Гувернерката Кејти Хобс го поздрави резултатот на гласањето и најави дека ќе го поддржи отстранувањето на законот.

    Законот кој потекнува од времето кога Аризона сѐ уште не била сојузна држава на САД го забранува абортусот од моментот на зачнувањето, без исклучоци како силување или инцест. Тој беше оживеан минатиот месец откако највисокиот суд на Аризона пресуди дека забраната може да се спроведува по поништувањето на националното право на абортус од страна на Врховниот суд на САД во 2022. Од оваа одлука се дистанцираа и некои водечки републиканци, како Доналд Трамп и бившиот гувернер на Аризона, Даг Дјуси.

    Двајцата локални сенатори кои гласаа за поништувањето на законот беа критикувани од нивни колеги и од национални активисти против абортусот, обвинувајќи ги дека гласале за смрт.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира