АСАД ПОДГОТВУВА НОВ ХЕМИСКИ НАПАД ВО СИРИЈА, ПРЕДУПРЕДИ САД

    АСАД ПОДГОТВУВА НОВ ХЕМИСКИ НАПАД ВО СИРИЈА, ПРЕДУПРЕДИ САДПрипадник на цивилната заштита дише низ маска за кислород по хемискиот напад во Кан Шејкун во април. (Фото: Ројтерс)

    САД соопшти дека идентификувале „потенцијални подготовки“ за уште еден хемиски напад во Сирија и испрати остро предупредување до сириската влада. Од Белата Куќа велат дека активностите се слични на тие пред наводниот хемиски напад во април.

    Десетици умреа во нападот во април кој што беше повод за Доналд Трамп да нареди напад врз база на сириското воено воздухопловство. Во американското соопштение се предупредува сирискиот претседател Башар ал-Асад дека ќе „плати висока цена“ ако се случи уште еден напад.

    Неговиот сојузник Русија во април кажа дека воздушен напад погодил магацин на бунтовниците полм со хемиска муниција и тоа предизвикало во воздухот да бидат испуштени токсични гасови, тврдење кое што бунтовниците и западните сили го отфрлија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира