АТЕНТАТОРОТ НА ТРАМП СО МЕСЕЦИ ЈА БАРАЛ СВОЈАТА МЕТА, НО МОТИВОТ ОСТАНУВА НЕПОЗНАТ, ВЕЛИ ФБИ

    АТЕНТАТОРОТ НА ТРАМП СО МЕСЕЦИ ЈА БАРАЛ СВОЈАТА МЕТА, НО МОТИВОТ ОСТАНУВА НЕПОЗНАТ, ВЕЛИ ФБИТомас Крукс се обиде да го убие Трамп на митингот во Батлер, Пенсилванија, на 13 јули

    Американските власти објавија нови информации за обидот за атентат врз Доналд Трамп, велејќи дека мажот кој сакал да го убие дејствувал сам и немало странска вмешаност. Сепак, ФБИ кажа дека мотивот останува непознат зашто 20-годишниот Томас Крукс се интересирал за разни идеологии.

    Властите објавија фотографии од пушката што ја користел во нападот и од експлозивите пронајдени во неговиот автомобил.

    Крукс се обиде да го убие Трамп на митингот во Батлер, Пенсилванија, на 13 јули, при што го застрела во уво, уби еден маж и рани уште две лица.

    Кевин Роџак, шефот на ФБИ во Питсбург, изјави дека Крукс уште во септември 2023 почнал да ја бара својата мета, при што пребарувал настани и на Трамп и на тогашниот демократски кандидат Џо Бајден.

    Кога митингот на Трамп во Пенсилванија беше најавен во почетокот на јули, тој станал хиперфокусиран на овој настан и го видел како можност за својот напад. Крукс се пријавил за митингот една недела пред одржувањето. Веруваме дека тој се посветил на детално планирање на нападот“, кажа Роџак.

    Тој додаде дека активностите на Крукс на интернет покажуваат мешавина од идеологии, што продолжува да се испитува.

    Иако бил регистриран републиканец, не гледаме една дефинитивна идеологија поврзана со Крукс“, рече Роџак.

    Пред да пука во Трамп, Крукс бил на покривот на зградата околу шест минути. Испукал осум куршуми, пред да биде убиен од снајперист на Тајната служба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира