АТЛЕТИЧАРОТ ОСКАР ПИСТОРИУС ИЗЛЕЗЕ ОД ЗАТВОР РЕЧИСИ 11 ГОДИНИ ПО УБИСТВОТО НА ДЕВОЈКА МУ, ДО 2029 ЌЕ ЖИВЕЕ ПОД СТРОГИ УСЛОВИ

    АТЛЕТИЧАРОТ ОСКАР ПИСТОРИУС ИЗЛЕЗЕ ОД ЗАТВОР РЕЧИСИ 11 ГОДИНИ ПО УБИСТВОТО НА ДЕВОЈКА МУ, ДО 2029 ЌЕ ЖИВЕЕ ПОД СТРОГИ УСЛОВИПисториус отслужи половина од 13-годишната затворска казна (Фото: АП)

    Некогашната параолимписка ѕвезда Оскар Писториус излезе на условна слобода речиси 11 години по убиството на девојка му Рева Стенкамп. Јужноафриканските власти потврдија дека Писториус (37) е дома, откако отслужи половина од 13-годишната затворска казна.

    Мајката на Стенкамп, Џун, изјави дека не се противи на ослободувањето, додавајќи дека нејзиното семејство е тоа кое служи доживотна казна.

    Писториус повеќепати ја застрела 29-годишната Стенкамп во 2013 низ вратата од бањата во нивниот дом и подоцна се бранеше дека мислел дека е провалник. Првично доби пет години затвор во 2014, што беше зголемено на шест, а потоа на 13 во 2016. Според јужноафиканските закони, сите осуденици можат да добијат условна слобода откако ќе отслужат половина од својата казна.

    Писториус, кој постојано беше во затвор од октомври 2014, ќе живее под строги услови до 2029 и во тој период нема да смее да зборува со медиумите. Џун Стенкамп, чиј сопруг почина минатата година, изјави дека е задоволна од условите поставени од бордот за условна слобода.

    Дали имаше правда за Рева? Дали Оскар отслужи доволно време? Никогаш нема правда ако вашите најмили не можат да се вратат и ниедна затворска казна нема да ја врати Рева. Ние кои остануваме по неа сме тие кои служиме доживотна казна“, изјави Џун Стенкамп.

    Трчајќи со помош на протези од јаглеродни влакна, Писториус го освои првото параолимписко злато во 2004 во Атина, но вистински се прослави во Пекинг четири години подоцна, каде што славеше во три дисциплини. Во Лондон во 2012 освои уште четири медали, од кои две злата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира