АВИОН КОЈ ПРЕВЕЗУВАЛ ПАРАГЛАЈДЕРИСТИ СЕ УРНА ВО ШВЕДСКА, ДЕВЕТ ЗАГИНАТИ

    АВИОН КОЈ ПРЕВЕЗУВАЛ ПАРАГЛАЈДЕРИСТИ СЕ УРНА ВО ШВЕДСКА, ДЕВЕТ ЗАГИНАТИАвионот паднал на речен остров набргу по полетувањето (Фото: ЕПА)

    Девет луѓе загинаа откако мал авион кој превезувал параглајдеристи се урна во северна Шведска.

    Авионот од типот „гипсаеро ГА8 ервен“, популарен меѓу параглајдеристи, се урна на остров среде реката Уме набргу откако полетал од аеродромот во Умеа. Сите загинати се шведски државјани, објавија властите, додавајќи дека нема преживеани.

    Причината за несреќата засега не е позната и сведоци изјавија дека авионот се урнал во моментите кога некои од параглајдеристите се подготвувале да скокнат.

    „Слушнав чуден звук, што не звучеше нормално. Погледнав нагоре и видов авион како се врти. Во прв момент помислив дека е акробатски лет, но набргу видов дека нешто не е во ред“, изјави еден сведок.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира