АВИОН НА „АМЕРИКАН ЕРЛАЈНС“ СЕ ЗАПАЛИ НА АЕРОДРОМОТ ВО ДЕНВЕР, ПАТНИЦИТЕ БЕГАА ПРЕКУ КРИЛОТО

    АВИОН НА „АМЕРИКАН ЕРЛАЈНС“ СЕ ЗАПАЛИ НА АЕРОДРОМОТ ВО ДЕНВЕР, ПАТНИЦИТЕ БЕГАА ПРЕКУ КРИЛОТОАвионот бил на пат за Далас, но по некое време свртел кон Денвер откако екипажот пријавил вибрации во моторот (Фото: АФП)

    Авион на „Американ ерлајнс“ се запали на аеродромот во Денвер, при што патниците мораа да бидат евакуирани на пистата, додека густ чад се ширеше наоколу. Снимки од евакуацијата покажуваат патници како стојат на крилото на авионот, при што некои држат торби, додека гори под десното крило.

    Американската Сојузна управа за воздухопловство (ФАА) кажа дека патниците користеле лизгалки на надувување за да излезат безбедно од авионот на Меѓународниот аеродром во Денвер. Причината за инцидентот се истражува.

    Нема информации дека има сериозно повредени, но од аеродромот соопштија дека 12 луѓе биле превезени во болница со мали провреди.

    Авионот полетал од соседниот град Колорадо Спрингс и бил на пат за Далас, но по некое време свртел кон Денвер откако екипажот пријавил вибрации во моторот. Откако слетал, авионот се запалил додека се движел по пистата“, објави ФАА.

    Американ ерлајнс“ кажа дека во авионот „боинг 737-800“ имало 172 патници и шест члена на екипажот и сите биле евакуирани безбедно.

    Авионот се соочи со проблем поврзан со моторот. Пожарот беше изгаснат и не доведе до одложување на други летови на аеродромот“, додадоа од авиокомпанијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира