Авион на американската компанија „Делта ерлајнс“ мораше принудно да се врати и да слета на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес во петокот, откако беше пријавен пожар на еден од моторите. Инцидентот се случил кратко по полетувањето на авионот, кој летал кон Атланта.
Од Федералната агенција за авијација (ФАА) соопштија дека авионот безбедно слетал назад на аеродромот во Лос Анџелес. Причината за пожарот сè уште се истражува.
На видеоснимките се гледа како од левиот мотор на авионот „Боинг 767-400“ излегува оган додека се искачува над градот. Авионот потоа направи круг и безбедно се врати на пистата.
„Летот 446 на ‘Делта’ се врати во Лос Анџелес кратко по полетувањето, по индикација за проблем со левиот мотор на леталото“, изјави портпаролот на авиокомпанијата за „Би-Би-Си“.